Новиот телескоп откри 1300 галаксии наеднаш

Бројот на познати галаксии во нашиот универзум штотуку се искачи за речиси 1.800 проценти.

Научниците со помош на радио телескопот „MeerKAT“ во јужна Африка успеаа да направат детални снимки на 1300 далечни галаксии во само еден мал дел од небото каде што претходно беа забележани само 70 галаксии.

Иако телескопот е се’ уште во процес на изградба (има само 16 од 64 предвидени антени), ова откритие, кое воедно е неговата прва снимка, ја покажува неговата импресивна моќ. Се очекува да се заврши до 2017 година, со што ќе претставува најголемиот и најчувствителниот радио телескоп во јужната хемисфера.

Сепак, научниците нагласуваат дека снимките со овој телескоп се само делумни, односно претставуваат дел од целосната слика. Доколку би го снимиле истиот дел од небото со телескопот Хабл на пример, најверојатно би детектирале стотици илјади галаксии, но овој телескоп е подобар во однос на снимањето на активни „радио галаксии“, односно галаксии кои имаат црни дупки во својот центар и исфрлаат енергија која може да трае милиони години. Овие галаксии се најсветли и најдобро може да се детектираат на радио бранови должини.

2016_meerkat_fli_04Моќта на овој телескоп ќе стане уште поголема кога ќе стане дел од „Square Kilometer Array“ – мрежа од илјадници радио антени во јужна Африка и Австралија со која ќе може да се истражува небото за 10 илјади пати побрзо од сега и се очекува да биде готова до 2024 година.

Поддржете ја нашата работа: