Образование на децата од дома – за или против?

Иако образованието од дома и не е толку невообичаена работа во некои држави, кај нас е многу ретка појава, ограничена од финансиски и социолошки причини.

Порталот Educentar, истражил повеќе од 1.170 мислења на испитаници, поврзани со оваа тема. Не е чудно што повеќе од  60% од испитаниците се противат на образованието од дома, кажувајќи дека децата во школите дополнително се социјализираат со своите врсници и совладуваат одреден образовен концепт кој не се спроведува кога децата се образуваат од дома.

Еден испитаник вели дека големиот број на деца со задоволство одат во училиште бидејќи сакаат да се дружат со своите врсници. Таму емотивно созреваат, ги прифаќаат другите и го пронаоѓаат своето место во друштвото. Други пак веруваат дека постојат работи кои децата не можат да ги научат во училиште.

Друг испитаник пак, признава дека нема доволно знаење од сите предмети за да го образува своето дете од дома, без разлика на своето високо образование. Други пак, ја истакнуваат извонредната важност на психосоцијалните компоненти. Се повеќе деца страдаат од социјално и анксиозно пореметување.

Децата треба да знаат да се однесуваат во друштво, а тоа однесување не се учи ако се затворени помеѓу четири ѕида, велат некои од испитаниците, додавајќи дека посетувањето настава во заедница е доста важно за осамостојувањето на детето.

Доколку децата остануваат дома со своите родители, нема да стекнат работни навики кои ги усвојуваат во текот на образованието.

Сепак 40% од испитаниците го поддржува образувањето на децата од дома бидејќи сметаат дека родителите можат поквалитетно да ги образуваат своите деца. Некои од аргументите кои ги наведувале се дека родителот најдобро го познава своето дете, неговите јаки и слаби страни.

Други аргументи пак, се сведуваат на неквалитетниот кадар, високиот степен на корумпираност во јавните училишта и непрепознавање на талентот кај децата од страна на учителите и наставниците.

Општо кажано за родителите кои го поддржуваат образованието на децата од дома, сметаат дека училиштата од децата прават роботи без сопствено мислење.

 

Поддржете ја нашата работа: