Образованието на мајката e значајно за успехот на децата

Мајките знаат најдобро. Новата студија на Универзитетот во Мичиген вели дека според образованието на мајката може да се предвиди и успехот на детето во математика и читање. Всушност, успехот е поголем ако мајката го добила детето во повозрасните години од животот.

Сандра Танг, психолог истражувач и водечки автор на студијата вели дека децата чии мајки се постари од 19 години, уште во градинките покажуваат повисоки достигнувања. Овие деца достигнуваат повисок успех во математика и читање до осмо одделение во споредба со децата на оние мајки кои имале 18 години или биле помлади кога го добиле детето.

Резултатите покажуваат дека раѓањето дете во адолесцентниот период има трајни негативни последици врз достигнувањата на следната генерација -вали Танг.

Негативните последици се покажуваат не само кај децата што биле родени додека мајката била адолесцент, туку исто така и на децата родени подоцна во животот на мајката.

Добра вест е дека  доколку мајката- тинејџер го продолжи своето образование по добивањето на детето, овие деца постигнуваат подобар академски успех од децата чии мајки- тинејџерки не го продолжиле образованието.

Сепак, овие деца (како и децата што мајката ги добила после адолесцентниот период) никогаш не го достигнуваат успехот на децата чии мајки го довршиле своето образование пред да ги родат – вели Памела Дејвис-Кин , професор по психологија и истражувач.

Податоците за оваа студија се земени од студијата „Early Childhood Longitudinal Study-Kindergarten Cohort“, репрезентативен примерок на деца кои биле оценувани при нивното запишување во градинка во 1998 година и биле следени се до пролетта 2007 година. Биле земени и оценките на 14.279 деца по математика и читање во трето , петто и осмо одделение.

Овие податоци, истражувачите ги искористиле да ги споредат достигнувањата (почнувајќи од градинка па се до осмо одделение) на деца чии мајки биле тинејџерки (од 18 години и помлади), или повозрасни (од 19 години и постари) кога го родиле првото дете. Во анализите биле земени предвид и очекувањата на мајката во врска со образованието на своето дете, условите во домот, како и други карактеристики како на пр. вкупните приходи во домот кои можат да влијаат на достигнувањата на детето.

Се покажало дека многу помалку од мајките кои родиле во периодот на адолесценција имаат завршено средно образование или се запишале на факултет, за разлика од оние кои ја одложиле бременоста за подоцна.

Со оглед на тоа дека растот на постигнувањата во математика и читање цело време генерално останал ист за сите деца од примерокот, се нагласува потребата од рана интервенција кај мајките адолесценти за да им се овозможи да стекнат вештини со кои ќе го потпомогнат учењето на своите деца – вели Танг.

Овие наоди се објавени во списанието „Journal of Research on Adolescence“.

Поддржете ја нашата работа: