Очите се огледало на менталната состојба на човекот

Уште од постари времиња се вели дека очите се огледало на душата. Науката сега вели дека тука има некоја вистина.

Една нова студија, објавена во списанието Psychological Science набљудувала како луѓето можат да комуницираат и ја заклучуваат моменталната емоционална меѓусебна состојба со користење на нивните очи. Се разбира, ова е нешто кое сите го правиме, понекогаш свесно и секој ден. Но оваа студија вели дека ова може да биде попрецизно и подлабоко отколку што се смета.

“Стеснувањето на очите за визуелна контрола исто така искажува безбедност.” вели авторот на студијата Даниел Х. Ли од Универзитетот во Колорадо

Истражувачите вклучиле 28 учесници на кои им биле дадени тестови на кои биле прикажани фотографии со очи кои покажуваат различни изрази како што се тага, незадоволство, лутина, радост, страв и изненадување. Потоа учесниците требало да одберат кој збор ја опишува менталната состојба на секоја фотографија.

Откако биле прегледани резултатите, научниците ги анализирале сфаќањата на учесниците, поврзани со одредени движења на очите, како што се отвореноста на окото, оддалеченоста на веѓите од окото, наклонот и кривата на веѓите, како и брчките околу носот и регијата под окото.

Можеби е чудно, но резултатите покажале дека учесниците имале прилично слични одговори за изразите. Стеснувањето на окото било широко поврзано со ментални состојби поврзани со социјалната дискриминација, омраза, сомнеж и агресија. Од друга страна, прожирувањето на окото се покажало дека е во тесна поврзаност со чувствителност, исчекување, кукавичлук и интерес.

Можеби оваа студија објаснува зошто луѓето не секогаш не гледаат во очи додека зборуваме.

Авторите на студијата велат дека иако овие изрази веројатно потекнуваат од практични причини, тие можат да бидат одлучувачки за социјални цели. На пример, стеснувањето на окото се прави со цел да се добие подобра визуелна острина, можеби во време на зголемена концентрација како лов и физичка конфронтација. Оттука овие изрази се поврзуваат со лутина и агресија.

Поддржете ја нашата работа: