Од кои причини икаме?

Икањето во медицината се нарекува singultus, кој доаѓа од латинскиот збор singult, земање воздух за време на плачење. При икањето се случува неконтролирано грчење на дијафрагмата и внесување на јаглероден диоксид во крвта. Икањето почесто се јавува кај мажи отколку кај жени и воглавно не трае долго.

Од кои причини икаме?

1. Брзо јадење

Икањето е вообичаена појава која воглавно поминува за неколку минути, но знае и да трае со часови. Главна причина за тоа е премногу брзото јадење, јадење на премногу зачинета храна, премногу жешка или студена храна.

2. Лоши навики

Пушењето или алкохолот не се само лоши навики. Тие често знаат да бидат и причина за икање.

3. Емоционална состојба

Емоционалниот стрес или ненадејната возбуда можат да предизвикаат икање. Кога почувствувате напад на адреналин, и срцето почнува забрзано да чука, сетете се да дишете длабоко за да избегнете икање.

4. Гастроезофагеален рефлукс

Икањето често може да се случи како последица на желудочен рефлукс. Икањето поради рефлукс доведува до гадење, а икањето го влошува рефлуксот.

5. Операции

Понекогаш, хируршките интервенции на абдоменот, како и интервенции на тумор на желудник, на централниот нервен систем или операцијата при мозочен удар можат да предизвикаат икање. Икањето како последица од операција знае да трае со часови.

6. Икање кое трае повеќе од 48 часа

Продолженото икање исто така може да биде знак за воспаление на белите дробови, воспаление на панкреасот, застој во функцијата на бубрезите. Покрај тоа, таа може да укаже на хронична болест, воспаление или тумор на дијафрагмата, хранопроводот или белите дробови.

Според Гинисовата книга за рекорди, човекот кој имал најдолго икање е Charles Osborne кој икал цели 69 години, а починал на својата 96 година од живеење.

 

Поддржете ја нашата работа: