Од Њујорк до Лондон за 11 минути?

„The Antipode“ е концепт за нов авион со ракетни засилувачи и суперсонични мотори кој ќе достигнува брзини до 20.000 км/ч. и ќе може да ве однесе од Њујорк до Лондон за 11 минути.

Идејата за ваков авион потекнува од канадскиот иноватор и инженер Чарлс Бомбардиер, кој пред неколку месеци го претстави својот дизајн за „the Skreemr“ – авион кој би можел да пренесува до 75 патници со брзина 10 пати поголема од онаа на звукот, и би бил 5 пати побрз од денешните Конкорд авиони.

Овој нов авион би се напојувал со согорување на течен кислород, кој наместо да го носи со себе како традиционалните погонски системи, тој ќе го користи кислородот извлечен од атмосферата кој поминува низ авионот. Така, авионот станува полесен, а со тоа и побрз.

За да работи правилно и да го компресира кислородот, потребно е да патува со брзина поголема од онаа на звукот, а тоа е нешто што досега ниту еден патнички авион го нема постигнато (дури ни НАСА).

Но, покрај брзината, можеби најголемиот проблем на овој систем се материјалите од кои ќе биде изграден авионот, за носот и крилјата на авионот да не се прегреваат кога ќе патува со брзина поголема од брзината на звукот.

Чарл Бомбардиер смета дека пронашол решение за овој проблем – а тоа е користење на нов аеродинамичен феномен наречен „метод за долга пенетрација“ (long penetration mode).

Овој метод вклучува два ракетни засилувачи прикачени за крилјата кои авионот ќе ги користи при полетувањето, а потоа кога ќе достигне висина од 12 км и брзина поголема од брзината на звукот ќе ги отфрли, и ќе се запалат суперсоничните мотори кои ќе му овозможат да се забрза до 20.000 км/ч. Што се однесува на прегревањето, Бомбардиер вели дека целиот авион ќе се лади со помош на стратешки поставени млазови воздух.

Но, повторно се јавува нов проблем – сето ова најдобро би функционирало на летала кои се дизајнирани како ракети, со колку што е можно помала изложена површина, а тековниот дизајн на овој авион, со огромни крилја, не претставува оптимална форма во тој поглед. Останува да видиме како Бомбардиер ќе се справи со овој проблем, кој е свесен дека неговите модели нема да бидат направени во брзо време, но вели дека поентата е да се предлагаат иновации, да се споделуваат идеи, на кои можеби ќе се надоврзат и други дизајнери.

Поддржете ја нашата работа: