Одбележувањето на денот на астероидите преминува во традиција

Денот на астероидите ќе се одбележи на 30 јуни на каналот „Discovery Science“ со специјална програма и премиера на два документарни филма.

Всушност, овој ден се одбележува секоја година на 30 јуни, на годишнината од најголемата експлозија на астероид во поновата историја, Тунгунската експлозија во 1908 година во Сибир.

Легендарниот гитарист на „Queen“ кој воедно е и доктор по астрофизика, Брајан Меј и режисерот Грегориј Рихтерс, се иницијатори и основачи на фондацијата „Ден на астероиди” чија цел е подигнување на свеста за последиците од евентуален можен судир со астероид.

За таа цел е организиран и натпревар со награда посета на „Европската вселенска агенција” во Амстердам, што може да го проследите на следниов линк.

original_resize_720_360

„Discovery Science”, единствената телевизиска мрежа во потполност посветена на чудата на науката, е партнер на овој проект. Со програмата од 20 јуни приготвува одбројување до „Ден на астероидите” како и промоција на  самиот натпревар во соработка со Европската вселенска агенција.

„Ден на астероидите” ќе се одбележи со две премиери: „Човек против астероид” и „Човекот кој ја твиташе Земјата”.

Astronaut in outer space against the backdrop of the planet earth. Elements of this image furnished by NASA.

Човекот кој ја твиташе Земјата (The Man Who Tweeted Earth), 30 јуни, „Discovery Science“ 19:20

Канадскиот астронаут Крис Хедфилд ја носи титулата „омилен интернет астронаут”. Тој користи Твитер за објави и Снепчет за снимање на фантастични фотографии и редовно се поврзува со луѓето дома, сето тоа додека се наоѓа во „Меѓународната вселенска станица” која се движи околу земјата со брзина од 28 000 км/ч. Хедфилдовата мисија ја разгорува страста на гледачите за вселената со првиот  документарец кој е некогаш снимен со главна ѕвезда која всушност се наоѓа во орбитата, прикажувајќи го минатото, сегашноста и иднината на астронаутите како и научните соработници.

Man V AsteroidЧовек против астероид: специјална програма за Ден на астероидите (Man Vs Asteroid: An Asteroid Day Special), 30 јуни, „Discovery Science“  20:10

Овој едночасовен специјал открива како Грегориј Рихтерс и легендарниот гитарист на „Queen”- Брајан Меј ја основаат фондацијата „Ден на астероидите”, со цел создавање на глобално движење и подигнување на свеста за заштитата на нашата планета од можните последици при евентуален удар.

Документарецот ни нуди преглед и на најдраматичните удари од астероиди во минатото како и астероиди кои за малку не се судриле со Земјата. Со архивски снимки од „Европската вселенска агенција”, НАСА и „Discovery“, како и интервјуа со научници и астронаути вклучени во проектот „Ден на астероиди”, филмот ја документира планетарната одбрана и го свртува вниманието на идните мисии за спас на Земјата од потенцијален удар. Документарниот филм се обидува да најде одговор на прашањата како: Може ли удар на астероид да го збрише човечкиот род, како и дали имаме моќ да го сопреме?

 

Поддржете ја нашата работа: