Односот на платите меѓу директорите и работниците се искачи на 300:1

Па зошто, извршните директори се толку многу платени?

На 5 август, американската Комисија за хартии од вредност донесе одлука дека извршните директори на јавните компании мора да го објават односот помеѓу нивните плати и просечната заработка на нивните вработени . Во 3-2 гласање, со двајца републиканци кои гласаа против , владината агенција ја усвои мерката, како дел од Законот за Реформа на Дод-Френк Вол Стрит. Иако некои критичари велат дека оваа мерка се грижи премногу за синдикатите, претседателка на ДИК изјави дека  се работо за соодветен процес усвоен со закон. Обелоденувањето  на платите ќе започне во 2017 година.

Законот  доаѓа во време  разликата  меѓу  платите на директорите и на вработените никогаш не била поголема. Според Институтот за економска  политика, во 1970 година, односот на платите на извршни директори и вработени беше 20 спрема 1.  Низ годините , таа бројка се зголеми драстично. Според CNN, извршните директори сега заработуваат во просек 300 пати  од она што заработуваат нивните работници.. Многу од нив  дел од платата  ја земаат од акциите на компанијата, а одборот на директори на компанијата на крајот  одредува на колкав дел оди за извршниот директор . Колку се повисоки акциите на компанијата, толку е повисока платата.

Работниците   од друга страна, немаат ваква финансиска добивка. Всушност, во голема мера се должи на  државната политика за работнички права. Платите за работниците од  средната и пониската класа  едвај се чекор со инфлацијата. Нееднаквоста на приходите е прашање со кое се занимава Америка пред изборите во 2016. Можеби е крајно време да го следиме нејзиниот пример. За останатите фактори и тактики кои придонесуваат за огромниот јаз меѓу платите, погледнете го видеото.

 

Поддржете ја нашата работа: