Одобрен проектот кој треба да ја намали температурата за три степени

Службениците од Лос Анџелес имаат намера да го ублажат ефектот од високите температури во идното лето, со тоа што ќе ги премачкаат улиците со посветла боја која ја одбива топлината.

Производот, наречен CoolSeal е емулзија за асфалт на база на вода која е наменета за намалување на површинските температури и ублажување на ударите од жешките бранови – велат од компанијата GuardTop која го продава овој производ.

Планот за намалување на температурата беше предложен во почетокот на минатата година, веднаш после летото кое се смета за најтопло на глобално ниво. Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Грацети во своето соопштение вели дека градот има за цел да го заврши овој доста скап проект во најскоро време. Проектот изнесува 40 000 долари за секој 1,6 километар.

Како што се предвидува дека температурите поради глобалното затоплување, во иднина нагло ќе нараснат, овие мерки би можеле да бидат клучни за последиците кои позади себе температурата ги остава. Белиот слој за премачкување ќе ја намали температурата за 3 степени. За овој концепт се зборува веќе 2 години, а Лос Анџелес ќе биде првиот кој ќе го реализира.

Екологистите поставуваат прашања од типот дали стакленичките гасови кои настануваат во текот на производството на белиот премаз ќе направат повеќе штета за околината отколку корист.

Извештајот од научниците од 13 американски федерални агенции вели дека екстремните топлотни бранови во текот на идните 4 децении ќе станат се почести за разлика од осумдесеттите години од минатиот век. Исто така велат дека стакленичките гасови ќе влијаат на зголемување на температурите.

Парискиот договор за климатки промени ги обврзува државите да направат напор за намалување на емисиите од стакленичките гасови, со што до 2050 година температурите ќе се намалат за 2 степени.

Поддржете ја нашата работа: