„Огнен прстен“ на небото над Јужна Америка и Африка

Голем број на луѓе со воодушевање го набљудувале затемнувањето на Сонцето минатат ноќ, кога Месечината поминала пред Сонцето, при што се формирал спектакуларен „огнен прстен’.

Први кои можеле да уживаат во овој уникатен феномен на небото биле астрономите и ентузијастите од Аргентина, а потоа и жителите на Африка.

Многу од набљудувачите користеле специјални телескопи, заштитни наочари или рачно изработени уреди.

Затемнувањето било видливо во опсег од 100 километри во Чиле, Аргентина, Ангола, Замбија и во Демократска Република Конго и траело околу два часа.

Некои од набљудувачите го поздравиле затемнувањето дувајќи во традиционални јужноамерикански инструменти.

Кружно затемнување се случува кога Земјата, Месечината и Сонцето ќе се најдат во иста линија, но кога совршено ќе се ускладат, Месечината е премногу оддалечена од Земјата за да може целосно да го блокира Сонцето и се создава впечаток на „огнен прстен“.

Поддржете ја нашата работа: