Глобалното затоплување очигледено се намали, па дури и се стопира во првата деценија од 21-от век. Ваквата пауза обично се нарекува хијатус. Сепак, познато е дека климатскиот систем на Земјата акумулира прекумерно количество сончева енергија, како последица на зголемувањето на количината на стакленички гасови во атмосферата. Тогаш, каде оди оваа енергија, ако не во воздухот? Според „Nieves et al“, за време на тој период, површината на Тихиот Океан се оладила, но површината на Индискиот и на Јужниот Океан се затоплила. Оттука, овој еднодецениски хијатус, што започна во 2003 година, се чини дека е резултат на прераспределбата на топлината во самите океани, а не на промената во стапката на севкупното затоплување на Земјата.
Што значи ова?
Според научниците од НАСА , акумулираната топлина во океаните повторно ќе се појави во атмосферата во следната деценија што ќе го забрза глобалното затоплување уште подрастично.
НАСА изработи три минутно видео, каде ги објаснува овие истражувања со многу повеќе факти. Погледнете го видеото подолу.