Окото на Земјата

Се наоѓа во денешна Мавританија, северна Африка и е големо околу 40 км. во дијаметар. Концентричните кругови се направени од различни видови на карпи, а начинот на настанување предизвикал дебата меѓу научниците. На почетокот тие сметале дека е резултат на удар од метеорит, или пак вулканска ерупција, но немало геолошки докази за тоа.

 

Сегашниот став е дека Окото на Сахара е пропадната еродирана геолошка купола– структура која се формирала кога се поткревала сегашната површина на Земјата. Но, зошто е толку невообичаено кружна се’ уште останува мистерија.

Оваа фотографија е направена од сателитот „Landsat 7“.

Поддржете ја нашата работа: