Откриен електрицитет што го контролира развојот на Ракот

Но, кога тие ќе потфрлат , може да се  појават смртоносни форми на рак. Истражување предводено од научниците на Универзитетот во Хјустон (UTHealth) откри нов електричен  механизам што може да ги  контролира овие прекинувачи.

Оваа информација се смета за критична, во развој на третмани за некои од најсмртоносните видови на рак, вклучувајќи  го тој на  панкреасот, дебелото црево и на белите дробови, кои се карактеризираат со неконтролиран раст на клетките предизвикани од дефекти во каскадите за клеточна сигнализација.

Истражувањето се фокусира на молекуларниот  прекинувач  наречен К-Рас. Мутирани  верзии на К-Рас се наоѓаат во околу 20% од сите човечки карциноми во Соединетите Американски Држави. Мутациите всушност го активираат прекинувачот(On позиција).

Кога К-Рас е во ON позиција, ја пореметува  клеточната делба, што води кон добивање на рак“, вели Џон Хенкок, главниот автор на студијата и претседател на Одделот за интегративна биологија и фармакологија на универзитетот . “Ние идентификувавме комплетно нов молекуларен механизам што дополнително ја зголемува активноста на К-Рас.”

Фокусот е на мали електрични напојувања кои клетките ги  носат преку нивните  лимитирани (плазма) мембрани. „Она што ние го покажавме е дека електричниот потенцијал ( напојувањето) на  една клетка е обратно пропорционален  на силата на К-Рас сигналот“, вели  Хенкок.

Со помош на високо-придвижуван електронски микроскоп, истражувачите забележале дека некои молекули на липидите во клеточната обвивка реагираат на електричното напојување, кое за возврат  ја  засилува  активноста на  сигналното коло на Рас. Ова е исто како електронското коло на транзистор.

Резултатите  можеби конечно ќе ја објаснат  долгогодишната,  но необјаснета опсервација дека многу канцерогени клетки активно се обидуваат  да го намалат ивниот електрицитет .

 Анализата е вршена на човечки и животински клетки .

Ова има огромни импликации за биологијата.  Покрај  непосредното  значење на К-Рас за ракот,   тоа е сосема нов начин  за контрола на мноштво сигнални патишта, која може да биде особено важна  за нервниот систем.

Наодите се појавуваат во „ Science“ , списание на Американската асоцијација за унапредување на науката.

Поддржете ја нашата работа: