Истражувачите објавија дека го откриле досега најстариот познат вид на камелеон во светот, кој бил зачуван во килибар речиси 100 милиони години.
Приказната за овој фосил започнала пред околу 99 милиони години, додека овој несреќен камелеон се качувал по гранките на некое прастаро дрво, на територијата каде сега се наоѓа Мјанмар (Бурма). При тоа се заглавил во смолата што се формирала на надворешниот слој од дрвото.
Со време смолата се стврднала и се фосилизирала во килибар. Вака скриен останал невидлив до пред една деценија, кога истражувачите од Универзитетот во Флорида го ископале и конечно сега добиле прилика да го испитуваат.
Иако камелеонот сѐ уште не е формално именуван, тој претставува најстариот вид на камелеон што досега е откриен. Всушност, новиот вид е за неверојатни 78 милиони години постар од претходниот рекордер.
Засега, ова откритие го оспорува претходното мислење дека камелеоните прво еволуирале во Африка. Со понатамошните испитувања, истражувачите се надеваат дека ќе добијат појасна слика за тоа како камелеоните – едни од најчудните гуштери на светот, еволуирале и ги добиле карактеристиките по кои се познати. На пример, овој вид има ист јазик какои модерните камелеони, но без уникатните нозе и облик на телото по кој се познати.
Наодите се објавени во „Science Advances“.