Откриен нов вид диносаурус кој личи на птица

СПОДЕЛИ

Фосилните остатоци од „бебето“ диносаурус, откриени во Кина пред повеќе од 25 години, формално се идентификувани како нов вид на диносурус кој наликувал на птица.

Палеонтолозите ги именувале како „Beibeilong sinensis“ што на кинески значи „Кинеско бебе змеј“.

Тие истакнуваат дека фосилот е идентификуван како еден вид на овирапторосаур кој бил прекриен со пердуви и имал силен клун. Иако не биле пронајдени фосили од возрасен примерок, истражувачите проценуваат дека тој тежел околу 3.000 кг. што го прави најголемиот динсаурус кој положувал јајца и се грижел за своите младенчиња.

Кон крајот на 1980-тите и почетокот на 1990-тите години, голем број јајца од диносауруси биле собрани во провинцијата Хенан во Кина од локалните фармери.

Некои од нив биле илегално извезени, меѓу кои и овој примерок, кој завшил во САД.

Фосилот бил вратен во Кина во 2013 година, каде сега и формално е идентификуван.

Научниците од Кина и Канада ги споредиле фосилите со претходно опишаните видови диносауруси и закучиле дека се работи за нов вид.

Вакви фосилни јајца, кои се познати под заедничко име  „Macroelongatoolithus“, датираат од крајот на периодот Креда и биле откриени на територијата на Кина, Монголија, Кореа и Северна Америка. Затоа истражуваите веруваат дека овие огромни диносауруси ги мало во голем број во тој период, иако досега се откриени многу малку фосилни остатоци од возрасни диносауруси.

 

Дискусија

Коментари