„Ichthyosaur“ е морски рептил често погрешно се именувал како „пливачки диносаурус“. Препознатлив е по своите остри заби. Живеел пред околу 250 милиони години, а изумрел пред диносаурусите од досега непознати причини.
Примерокот бил толку добро сочуван што истражувачите можеле да ја утврдат содржината на стомакот. Тие соработувале со Државниот Универзитет во Њујорк и ги споредувале овие примероци со повеќе од 1 000 други примероци на „ichthyosaur“ кои се наоѓаат во музеи во САД и Европа.
Морските рептили од овој вид се разликувале меѓу себе по некои суптилни анатомски карактеристики на коските од перката, па така истражувачите откриле дека ова е нов вид на „ichthyosaur“ кој досега не им бил познат.
Така, овој нов вид е наречен „Ichthyosaurus anningae“, во чест на Мери Анинг, која го открила првиот фосил на „ichthyosaur“ на брегот на Дорсет во 1811 година.
Наодите од истражувањето се објавени во „Journal of Vertebrate Paleontology“.