Откриен огромен корален гребен во близина на САД

На 260 километри од брегот на Јужна Каролина во САД е пронајден огромен корален гребен. Долг е околу 140 километри. Откриен е за време на експедицијата, предводена од страна на експертите од National Oceanic and Atmospheric Administration, Bureau of Ocean Energy Management и United States Geological Survey.

Научниците речиси секој ден одат до дното на морето, во јужниот дел на Атлантскиот океан, и со помош на специјално опремена подморница именувана „Алвин“ го потврдиле постоењето на корали кои припаѓаат на видот Lophelia pertusа. Научниците се зачудени што овој гребен останал толку долго време скриен и досега никој не го нашол.

Тука не станува збор за ропски корали кои живеат во симбиоза со алгите, туку за корали од студеното море кои преживуваат без алги. Тие обично се наоѓаат на длабочина од 40 до 2000 метри. Со помош на полипи фаќаат храна која многу брзо се движи со помош на морските струи.

Овој корален гребен е откриен во нешто поплитка област во близина на брегот. Живее на температура од околу -13°C. Поради ниските температури, пронајдените примероци морале многу брзо да се однесат до лабораторија, со цел да не доживеат температурен шок.

Голмата разлика помеѓу температурите на дното и површината на морето можела да доведе до пропаѓање на примероците. Тоа за научниците претставува најголема потешкотија при проучување на коралите од студените води.

Ова откритие е многу важно бидејќи ваквите места се извор на голема биоразновидност и важен дел од синџирот на исхрана. Бидејќи овие корали живеат на поголеми длабочини, не се многу истражени.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сака да ѝ дозволи на енергетската индустрија да ископува во крајбрежјето, а научниците се надеваат дека ќе можат да посочат кои области треба да бидат забранети.

 

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.