Откриен огромен подземен резервоар на хелиум

Хелиумот е инертен гас кој претставува клучна состојка во балоните кои го мерат атмосферскиот притисок, температурата, влажноста и брзината на ветерот, во машините за магнетна резонанца, во Големиот хадронски судирач, како и во многу индустрии.

Но, исто така е и многу редок гас, за кој досега е познато дека се добива само како нуспроизвод при дупчењето за нафта и гас. Повремено, има и недостаток на овој гас што значително му ја зголемува цената. Во главно се смета за гас кој полека исчезнува и некои истражувачи дури сметаат дека треба да се забрани неговата употреба во балоните со хелиум кои се користат за забави и разни прослави, и наместо тоа да се користи за други поважни примени.

Но, можеби нема да има потреба од тоа бидејќи научниците од Велика Британија објавија дека успешно лоцирале масивен подземен извор на хелиум во источно африканскиот процеп, односно источно африканската долина на вулкани – област со висока вулканска активност.

Со комбинација на нивното познавање на геохемијата на хелиум и сеизмичките слики на структурите кои го заробуваат гасот, научниците пресметале дека од само еден дел од долината најверојатно извира околу 1,5 милијарди кубни метри гас што е доволно да се наполнат повеќе од 1,2 милиони медицински машини за магнетна резонанца. Ова откритие целосно ја менува безбедноста на потребите за хелиум во иднина.

Научниците истражувале во оваа област со причина – бидејќи е познато дека вулканите најчесто имаат извори на хелиум во близина, бидејќи обезбедуваат доволно топлина за да се ослободи гасот акумулиран длабоко во античките карпи. Научниците ќе продолжат со истражувања што значи дека може да очекуваме слични откритија во блиска иднина.

Наодите од ова истражување беа претставени на овогодинешната конференција за геохемија – Голдшмит, која се одржува во Јапонија од 26 јуни до 1 јули.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,234од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.