Откриен претходно непознат ефект на витаминот А

Затоа, на бремените жени им се препорачува ограничување на храната која содржи многу витамин А во форма на ретиноиди, како на пр. џигер.

Сигналната молекула, ретиноична киселина, е производ на витаминот А кој помага при тоа како ќе се формираат различни ткива во растечкиот ембрион. За прв пат, научниците од лабораторијата на Лунд во Шведска ги проучувале ефектите на ретиноична киселина во однос на тоа како се развиваат крвни клетки од матични клетки.

Во лабораториски модел ги изложиле матичните клетки на одредени сигнални молекули, со што се развиле во крвни клетки. Со зголемување на нивото на ретиноична киселина, драстично се намалувал бројот на крвни клетки што може да се создадат, додека со намалувањето на ретиноичната киселина се зголемувало создавањето на крвни клетки дури за 300%.

Овие резултати покажуваат дека витаминот А во големи дози има негативен ефект на развојот на крвта. Ова е дополнителна причина зошто бремените жени треба да избегнуваат прекумерна доза на витамин А во текот на бременоста. „Ова истражување го зголемува нашето разбирање за сложеноста на процесот на формирање на крв за време на ембрионалниот развој“, истакнуваат научниците.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt