Супер конструкции од пластика и најлон

Вештачките структури на саќе кои се користат кај оклопите се лесни, поголемиот дел од просторот во нив е воздух. Исто така се и евтини, бидејќи обично се направени од пластика. Единствениот проблем е тоа што се за еднократна употреба – еден удар може да ја уништи целата структура и тогаш мора да се замени со нова. Тоа е фрустрирачка мана кога се работи за браник на автомобил или фудбалски шлем, и потенцијално смртоносна ако се работи за војнички шлем или некој дел од воено возило.

Новиот пристап на научниците се нарекува „негативна вкочанетост“. Наместо цврстите шестоаголни простори, мрежата се состои од серија прекрстени греди и паралелни ѕидови. Кога ќе се удри, се набива, но е доволно силна за да ја поврати својата оргинална форма. Ова саќе било изработено од најлон, но структурата, а не материјалот, е она што го прави посилно.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt