Пронајдена амеба која личи на шапката на Гандалф сивиот

Научниците откриле нов вид амеба на која и го дадоа името Arcella Gandalfi бидејќи има форма која потсетува на шапката на познатиот Гандалф од триологијата Господар на прстените.

“Нови видови на амеба ретко се наоѓаат, бидејќи тие се мали и за нив нема премногу студии”, вели Проф. Даниел Лар од Универзитетот Сао Паоло во Бразил.

Амебите се најчесто едноклеточни организми, а оваа новооткриена амеба припаѓа на видот camoeba, кој може да создаде оклоп околу своето меко тело. Пронајдена е во слатките води во покраината Минас Жераис, Бразил, како и во Тонкантинис и самото Рио де Женеиро. Сепак, пронајдените примероци биле толку малечки што било невозможно да се проучи нивната анатомија и да се одреди дали воопшто припаѓа на нов вид амеби.

За среќа, нему му помогнала биологот Јордана Декарваљо, која се занимавала со проучување на малите планктони. Со помош на напредната лабораториска опрема, започнале да ги проучуваат амебите, во соработка со други истражувачи. Успеале да ја изолираат амебата од насобраните примероци и да ги изврат сите потребни мерења. Конечно, објавиле дека е откриена нова врста на амеба, која живее претежно во влажни подрачја.

Ameba_998010908_121840725_667x375

Arcella Gandalfi е мало суштество кое може да биде со светло жолта или кафеава боја. Нејзиниот оклоп има дијаметар од 81 микрометри, а висока е 71 микрометри. Сепак, овој вид на амеба се смета за за голем, посебно кога се работи за видот Arcella.

“Се чини дека оваа амеба живее само во Јужна Америка”, вели Лар. Научниците сеуште незнаат зошто таа создава оклоп. Некои претпоставуваат дека тоа е нејзиниот одбранбен механизам против предатори, додека Лор не се согласува со тоа и верува дека оклопот ја штити од сушење што се случува за време на промените во нивото на водата, и служат како заштита од ултравиолетово зрачење.

 

Поддржете ја нашата работа: