Откриена чудна аномалија на египетските пирамиди

Научниците веќе забележале мистериозни топли точки на пирамидите, а особено голема ваква површина е забележана на Големата пирамида (Кеопсовата или пирамидата на Куфу).

Бидејќи различните материјали (како воздухот или каменот) различно задржуваат топлина, овие „термички аномалии“ може да бидат знак за постоење на празнини под површината и да укажуваат на постоење на пукнатини или шуплини во материјалот или можеби на тајни премини или гробници.

 


Скенирањето било вршено преку цел ден, што значи дека истражувачите биле во можност да ги мониторираат температурните промени и додека пирамидите се загреваат и кога се ладат. Иако секој од блоковите што ги сочинуваат пирамидите имаат мали разлики во температурата, преку следење на брзината на загревање и ладење, истражувачите успеале да изолираат неколку постојани аномалии.

Термичките скенирања покажале дека има температурни разлики насекаде на пирамидите, но, истражувачите откриле една особено импресивна аномалија лоцирана на источната страна на Големата пирамида на ниво на тлото.

Додека разликата во температурата помеѓу повеќето соседни блокови изнесувала од 0,1 до 0,5 степени Целзиусови,а овој сегмент на Големата пирамида била за шест степени потопол од околните блокови (може да се види на термичката скала).


Засега постојат повеќе хипотези за тоа што претставуваат овие промени. Главните претпоставки се дека се работи за празни простори, внатрешни воздушни струења или различни градежни материјали, но конкретен заклучок сѐ уште нема. Но, оваа студија која е наречена проект „Скенирање на пирамидите“ ќе продолжи до крајот на 2016 година, а термичките скенирања се само првиот чекор од истражувањето.

Во понатамошните истражувања на трите пирамиди кои се изградени помеѓу 2613 и  2494 п.н.е. научниците планираат да вклучат и инфрацрвени зраци, како и космички честички наречени миони и 3Д реконструкција за да добијат мапа на тајните содржини во пирамидите.

Египтолозите се надеваат дека нивните резултати ќе доведат до повеќе сознанија за овие структури, како и за луѓето што ги граделе пред 4 500 години.

Поддржете ја нашата работа: