Измислено е био-лепило кое затвора рана на срцето за само 20 секунди. Ова е додатен достиг во однос на претходните изуми.
Ouyang Hongwei од кинескиот универзитет Zhejiang и Zhu Linyong од East China University of Science, развиле ново биолошко лепило кое еден ден би требало да го запира крварењето на артериите, срцето и другите органи за многу кратко време.
Лепилото во основа е хидрогел кој емитира сврзно ткиво во организмот. Може брзо да се апсорбира со ултравиолетово (УВ) зрачење.
Био-гелот содржи желатин метакрилна киселина (GelMA) и модифицирана хијалуронска киселина (HA-NB). Споменатото УВ зрачење му овозможува користење на водени места. Затоа ќе делува и на срце кое пулсира.
Научниците ова биошлепило го тестирале на животни: свињи, глувци, и зајаци, каде се покажало како поуспешно решение за разлика од другите, моментално достапни хируршки лепила.
Откако гелот бил вбризган во лабораториски глувци, под нивната кожа, само 20% од лепилото останало после осум недели и не е забележана никаква контраиндикација.
Врските се доволно јаки да го издржат крвниот притисок двојно повисок од нормалното ниво.
Сите животни на кои срцето им е третирано со ова био-лепило се преживеани, а ефектен пример за лепилото погледнете на видеото.