Откриени над 50 нови видови на пајаци

SPIDERS Salticidae Jotus sp. nov. cf auripes New Species, closest yet to the type species Jotus auripes which also has vivid red orange inner legs 1.

Научниците неодамна откриле над 50 нови видови на пајаци во Квинсленд, Австралија, за само две недели.

Новите видови биле откриени во текот на двонеделната експедиција во која учествувале 23 истражувачи од Музејот на Квинсленд, Мекквери Универзитетот и Кејп Јорк. Иако моментално за Австралија се зборува како земја со богата карпеста уметност од Абориџини, истражувачите велат дека североисточниот крај на Австралија може да стане познат како “Главниот град на пајаците во Австралија”.

Помеѓу новите пронајдоци се наоѓаат нови нуркачки тарантули, скокачки пајак, брз пајак со нејасни нозе, и пајак кој имитира мравки со мимикрија со цел да ги лови без да биде откриен.

Научниците велат дека откритијата се возможни само со во тесна соработка со домородното население, и за прв пат се научно испитани.

SPIDERS _Mygalomorphae Barychelidae Idiommata sp.

Истражувањата се финансирани од страна на владата. Програмата започнала уште во 2010 година од кога се пронајдени 1.139 нови животински видови, вклучувајќи и риби, 17 видови на полжави, три скорпии и 92 пчели. Претходната експедиција во 2015та година се откриени само 13 нови видови на пајаци.

SPIDERS Gnaphosidae Ceryerda undescribed male waves its plumed legs like a mosquito, see also video. BB Quinkan via Laura Cape York March 2017 RW # Laura 001

Поддржете ја нашата работа: