Меѓународен тим на астрономи објави дека при анализирање на четвртиот најблизок сончев систем до нашиот открил 60 нови планети како и докази за постоење на дополнителни 54.

Планетата „Gliese 411-b“ предизвика најголемо внимание бидејќи има карпеста површина слична на нашата.

Иако повеќето медиуми пренесоа вест дека е откриена нова „Супер земја“ сепак според научниците позицијата на оваа планета е таква да температурата на нејзината површина би била премногу висока за да поддржи нормален живот каков што го знаеме.

Ова истражување е значајно за истражувачите не поради откривањето на „Супер земјата“ него поради фактот дека сега имаме знаење и технологија да ги набљудуваме нашите соседни планетарни системи и да дознаваме се повеќе за нашата околина како и за вселената воопшто.

Обсервацијата е дел на  „Lick-Carnegie Exoplanet Survey“ започната во 1996 од астрономите „Steve Vogt“ и „Geoffrey Marc“ од универзитетот на Калифорнија и „Paul Butle“ од Карнеги институтот во Вашингтон

 

Поддржете ја нашата работа: