Откриени шест нови видови на дракула мравки

Членовите на овој род мравки се жестоки предатори кои го ловат својот плен со забите кои наликуваат на ножеви. Живеат во тропскиот свет и обично се движат неприметливо од две причини.

Прво, тие се многу мали. Најмалата од овие нови врсти прави винската мушичка да изгледа големо. Со должина од 15 мм. и ширина од 0,2 мм. со што е едвај видлива, оваа мравка е послаба дури и од пречникот на некои едноклеточни праживотни.

Второ, тие водат исклучително шифриран начин на живот. За разлика од многу мравки, коишто ги гледаме како маршираат наоколу, „Prionopelta“ се движат или под земјата или живеат длабоко во лисјата на подот на прашумите – некои од нив никогаш не излегле на сонце.

Во склад со своите темни и мистериозни навики, овие видови се дел од поголема група на мравки кои се наречени „Дракула мравки“, затоа што е познато дека  ги рануваат младите во колонијата и ја пијат нивната крв (која поточно се нарекува хемолимфа кај инсектите), како бизарно средство на дистрибуција на хранливите материи во колонијата.

Сите овие новоопишани видови се ендемски во регионот на Мадагаскар – шест од Мадагаскар и еден познат само на островот Сејшели. Оваа истрага го зголемува вкупниот број на видови во овој род од 15 на 21, и се истакнува Мадагаскар како главен центар  за различностите на овие фасцинантни инсекти. Во 1924 г. бил познат само еден вид од Мадагаскар.

Овие нови откритија се резултат на еднодецениско истражување од страна на Фишер и членовите од Центарот за биодиверзитет во Мадагаскар. Истражувањето е објавено во списанието „ZooKeys“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt