Откриени тајни тунели под античката пирамида во Мексико

Археолозите го потврдија постоењето на скриениот тунел кој води кон коморите длабоко под пирамидата на Месечината, огромниот храм лоциран во античкиот град Теотивакан, во близина на денешно Мексико Сити.

Тимот од истражувачи верува дека одаите се користени за погребни ритуали, додека тунелите можеби претставувале пат до подземјето – моќен концепт за Ацтеките, Маите и други општества.

Користејќи технологија за електричен отпор, истражувачите од Националниот институт за антропологија и историја и Институтот за геофизика, Националниот автономен универзитет во Мексико, мапирале слика на земја под пирамидата без кршење на никакво тло. Така откриле изгубена комора на околу осум метри под пирамидата со дијаметар од 15 метри, како и подземен тунел.

Изградбата на градот започнала 400 година п.н.е. а градот Теотивакан станал успешен центар на стариот мезоамерикански свет до 300 година од новата ера. Никој не знае кој го основал Теотивакан, или зошто цивилизацискиот центар наеднаш доживеал распад, почнувајќи од околу 600 година од новата ера. До 750 година, преживеале 200 000 жители, се раселиле, оставајќи ја некогаш големата метропола и светите пирамиди.

Ацтеките ги пронашле градските рушевини околу 1300 година и им дале име Теотивакан, што на нивен јазик значи “место каде луѓето стануваат богови”. Изградена на површината на тлото, пирамидата на Месечината е највисока точка во стариот комплекс. Се наоѓа на спротивниот крај на таканаречената Авенија на смртта и најголемата структура на Теотивакан, пирамидата на Сонцето.

Претходно пронајдените гробници во внатрешноста на пирамидата на Месечината содржат жртвени остатоци, вклучувајќи деформирани човечки черепи, како и накит и други предмети од зелен камен.

“Она што може да се најде во внатрешноста на овие тунели ќе ни помогне да се разјасни односот кој оваа античка метропола го имала со другите области на Мезоамерија” – вели Вероника Ортега, директор на проектот за конзервација на плоштадот Плаза де ла Луна, односно, централното место на археолошкиот комплекс.

Поддржете ја нашата работа: