Археолозите откриле остатоци од античко село на малиот остров Triquet Island кој се наоѓа покрај брегот на Британска Колумбија во западна Канада. Се проценува дека селото е старо цели 14.000 години, што го прави најстаро населено место, откриено во Северна Америка.
Археолозите сега работат на воспоставување врски помеѓу населбите и другите артефакти, кои се пронајдени на оаа област. Дури и сметаат дека селото нјверојатно е три пати постаро од египетските пирамиди.
Поголемиот дел на ископани предмети се алати кои биле користени за разни намени, од палење оган до ловење, а форензичките докази ги датираат од леденото време. Се наметнуваат и додатни ископувања, бидејќи научниците се надеваат на пронаоѓање повеќе информации со цел да се фрмира конечна слика.
Од антрополошки аспект, остатоците се поврзани со домородното племе Хајттсук, домородно племе кое некогаш живеело во централното крајбрежје на Британска Колумбија, а откритието исто така, ги поддржува теориите за усменото предание на домородците.
“Усното предание на Хајлтсук зборува за потегот на земјата во областа каде што сега се вршат ископувања. Тоа било место кое никогаш не се замрзнало во текот на леденото време, а нашите предци таму се собирале за да преживеат”, вели Вилијам Хјусти, потомок на племето Хајлтсук.
“Ова едноставно ја менува самата идеја за тоа како првите луѓе дошле во Северна Америка”, вели д-р Алиша Говр, докторант на Универзитетот во Викторија.
Археологијата, делумно не е претерано гламурозна наука. Станува збор за часови напорна теренска работа, ископување на предмети кои можеби се, а можеби и не се од некакво значење, како и бескрајната борба со локалните власти за осигурување, превоз и документирање на пронајдоците, како и создавање простор за нив но од друга страна, секое ново и значајно откритие резултира со повторно испишување на историјата.
Во последните години дошло до пораст на откритијата на антички артефакти ширум светот, благодарение на порастот на бројката на градежни проекти.