Откриено ново полио, отпорно на вакцина

 

Сепак, големи епидемии се уште се случуваат и денес, како што се оние во Република Конго во 2010 година, Таџикистан во 2010 година и Кина во 2011 година. Епидемијата во Република Конго се разликува од другите по исклучително високата стапка на смртност од 47%, од 445 потврдени случаи, речиси 210 починале. Експертите во тој момент тврделе  дека главната причина е ниската покриеност со вакцини.

Всушност, причината била нешто сосема друго. Меѓународен тим, вклучувајќи ги и истражувачите од „IRD“ штотуку го идентификувале вирусот и неговиот генетски материјал. Генетската секвенца покажала две мутации, досега непознати, на протеините кои формираат “школка” (капсида) на вирусот. Оваа еволуција ја усложнува задачата на антителата произведени од имунолошкиот систем на вакцинираниот пациент, бидејќи тие веќе не го препознаваат вирусот.

Истражувачите ја тестирале отпорноста на оваа варијанта на полио- вирусот на примероци од крв на повеќе од 60 вакцинирани лица. Нивните антитела се покажале помалку ефикасни против вирусот како оној во Конго, во однос на другите видови на полио- вирусот. Проценките велат дека за време на епидемијата во Конго, само 15-30% од заболените не биле вакцинирани.

Во време кога светската кампања за искоренување на полио-вирусот влегува во својата завршна фаза, истражувачите се плашат дека другите варијанти на вирусот може да се појават помеѓу вакцинираната популација. Несомнено, овие видови циркулираат во природата.  Иако се ретки, тие може да доведат до фатални епидемии како онаа во 2010 година во Република Конго, ако стигнат до областите каде што најчестите видови од вирусот се уништени, меѓутоа вакцините не делуваат.

Истражувачите апелираат за подобар мониторинг на клиниките и животната средина, за целосна заштита и отстранување на полио- вирусот.

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација