Вакцина против зависност од хероин

Веќе подолго време е познат трудот на научниците да направат ефикасна вакцина против зависност од хероин. Пред некое време тестирањата на глувци се покажаа успешни, а сега на ред дојдоа и мајмуните. И овие тестирања се успешни.

Вакцината која е развиена на истражувачкиот Универзитет Скрипс го блокира брзото задоволство предизвикано од хероин и е ефикасно за осум месечна употреба, а научниците се надеваат дека ќе им биде одобрено да преминат на клинички испитувања.

Вакцината делува со тоа што го проучува имунолошкиот систем и произведува антитела против хероин. Така на пример, кога хероинот ќе дојде до имунолошкиот систем, новонастанатите антитела ги неутрализираат хероинските молекули. Поради тоа, лицето кое го користи хероинот не чувствува еуфорија, бидејќи молекулите од хероинот се блокирани пред да дојдат во мозокот.

“Ние веруваме дека оваа вакцина ќе се докаже како безбедна за да се направат тестирања на луѓе”, вели лидерот на истражувањето Ким Џенда.

При тестирањето на мајмуни, тие се третирале така што им била вбризгана оваа вакцина, а потоа им е дадена доза хероин. Научниците откриле дека четири мајмуни кои добиле три вакцини имале ефективен имунолошки одговор кој можел да ги неутрализира различните дози на хероин. Потврдено е дека вакцината е најефективна во првиот месец од вбризгувањето, но ефектот може да трае и до осум месеци.

Надежта е поголема за ефективноста на вакцината тргнувајќи од фактот дека покажала поголема делотворност на мајмуни. Доколку таквиот ефект се добие и при тестирање на луѓе, тоа ќе значи дека зависниците при користење на оваа вакцина можат да добијат долготраен имунитет кој ќе помогне при заздравувањето.

Ова истражување, објавено во списанието Journal of the American Chemical Society, се однесува само на хероин и немало контакт со другите опијати. Сепак, се применува истата логика, а претходната студија од истиот институт покажа дека вакцината за фентанил која е посилна од хероин, била ефективна кај глувци.

Поддржете ја нашата работа: