Отровни печурки – лек за рак

Истражувачите од Центарот за рак при Универзитетот во Тексас разгледувале нова класа на биофармацевтски лекови (ADCs) засновани на алфа-аманатин како едно решение. Тие откриле дека овие лекови се многу ефективни кога ќе се насочат кон генот наречен „ POLR2A“, кај глувци кои имале рак на дебелото црево. Лекот предизвикал комплетна регресија на туморот и значително ја намалил токсичноста.

Тоа значи дека овој лек овозможува подобро таргетирање на клетките на ракот, што резултира со помало влијание на здравите клетки. Научниците забележале дека кога честиот туморски супресорен ген „TP53“ ќе се избрише како резултат на растењето на туморот, се брише и генот „POLR2A“, кој е клучен за преживување на клетките, вклучувајќи ги и оние на ракот. Нормалните клетки имаат по две копии и од двата гена. Научниците го таргетирале ракот кој имал само по една копија од гените, што всушност претставува 53% од ракот на дебелото црево, 62% од ракот на дојка и 75% од ракот на јајници. Бидејќи има само една копија од генот, клетките на ракот се поподложни на негова супресија.

Досега бил вложуван огромен напор за да се обнови активноста на генот „TP53“ при терапиите против рак, но ниту една таква терапија не била успешна поради сложеноста на сигнализацијата на „TP53“. Ова откритие дека може да се таргетира и „POLR2A“ со мала доза на алфа-аманатин може да претставува нов терапевтски пристап за пациентите со рак, истакнуваат научниците.

Истражувањето е објавено во „Nature“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt