Ова е Атлас – хуманоидниот робот кој за прв пат прошета низ шумата

Атлас е двоножен хуманоиден робот развиен од американската компанија „Boston Dynamics“ кој за прв пат беше јавно претставен во 2013 година.

Научниците веруваат дека би можел да им помага на луѓето во несреќи, како на пример при земјотреси или пожари, на местата каде што луѓето не можат да пристапат.

Сега, научниците имаат нов предизвик за него, надвор од лабораторијата. Неговата способност да се движи низ шумата е еден чекор напред кон развојот на балансот и динамиката кои се природни за луѓето.

Атлас се’ уште не е подготвен да се движи самостојно (на видеото ќе забележите дека е поврзан со извор на енергија) и не може да направи се што луѓето можат да направат, но научниците се убедени дека ако продолжат со работа, наскоро ќе стигнат до тоа ниво.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt