Направен робот кој се поти додека вежба

Kenshiro и неговиот помлад “брат” Kengoro се два симпатични роботи кои се направени со неверојатна сличност на човечката анатомија, на Универзитетот во Токио. Уникатниот дизајн на овие два роботи ги прави способни да се движат на начин кој повеќе наликува на природно движење на човекот за разлика од било кој друг претходно направен робот.

Исто така, способноста на Kengor за вежбање е на завидно ниво за поголем дел од човечката популација. Роботот е во состојба да прави разни вежби, но сепак неговата најнапредна способност која ја поседува е способноста да се поти.

Машината која му овозможува на роботот да се движи како човек се загрева, барајќи вода за циркулација низ својот метален оквир за да се лади. Низ дупчињата во костурот поминува пареа со што се постигнува ладење.

Можеби е необично дека инженерите направиле два роботи со цел попрецизно да се проучат човечките движења, меѓутоа долгорочно овие роботи би можеле да се употребуваат како кукли за тестирање на судири со оглед на тоа дека нивната мобилност може да даде прецизни резултати од класичните стационарни кукли.

Додека оваа технологија напредува, во иднина Kengoro и Kenshiro би можеле да бидат инспирација за вистинските роботи кои служат за пребарување и спасување на животи.

Во овој момент, сеуште не знаеме каде ќе ни донесе врската меѓу роботиката и вештачката интелигенција. Се чини дека сме сѐ уште доволно далеку од нивото на вештачката интелигенција од серијата “Вестворлд”, каде што луѓето и роботите практично се навистина тешки за разликување, но сепак се чини дека сме се поблиску до таа идеја. Луѓето веќе размислуваат колку огромен чекор би бил спојувањето на човечкото движење на Kengor и речиси човечката интелигенција на Софи, роботот на Хенсон Роботикс.

Двете технологии се развиваат се побрзо и понапредно. Промените кои ќе ги поседува една таква моќна технологија врз целокупното општество се неизмерни.

Погледнете го роботот кој вежба и притоа се поти:

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,236од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.