Ова е најпродаваниот Android на светот

Во пресрет на неодамнешното отворање на берзата на Xiaomi во Кина, глобално, луѓето кои работат во таа компанија можат да бидат исклучително задоволни од актуелната ситуација на пазарот на мобилна телефонија, а најмногу во Азија и Европа, нивниот удел расте и станува се поголема закана за големите и добро познати компании.

Нивните телефони се особено популарни во Кина, но и на други пазари, корисниците на Xiaomi се уште позадоволни поради тоа што за цена на уред од средна класа со малку опции, представен од популарните компании, тие можат да купат кинески уред со многу повеќе добри опции.

Во своите извештаи за испорака на телефони во првиот квартал од оваа година, аналитичките компании Counterpoint Research и Canalys нагласуваат голем успех на Xiaomi, а според Counterpoint Research, нивниот Redmi 5A е најпродаваниот Android на светот во март, и трет најпродаван паметен телефон во светот после iPhone X и iPhone 8 Plus.

Никогаш до сега, ниту еден смартфон на Xiaomi во текот на еден месец не постигнал ваков успех. Од компанијата велат дека се најзадоволни од продажбата на Redmi 5A.

Плановите на компанијата во последно време се фокусирани кон Европа, иако во Шпанија се присутни од крајот на минатата година, моментално се трета најголема компанија за мобилни телефони таму, а веќе го освојуваат поголемиот дел од европскиот пазар, што ќе им помогне за отворање на специјализирани продавници и на нашето поднебје.

Што се однесува на моделот Redmi 5A, овој телефон доаѓа со 5 инчен дијагонален екран, резолуција од 720х1280 пиксели, 3GB RAM меморија и камера со резолуција од 13MP.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.