Xiaomi нуди ефтин будилник кој воедно е и паметен звучник

Xiaomi претстави уште еден гаџет, паметениот будилник Xiao AI Smart Alarm кој доаѓа со некои функции кои обично се врзани за паметни звучници, а ќе се продава за околу 20 долари.

Презентирајќи ги своите паметни телефони Mi 8 Lite и Mi 8 Pro, компанијата Xiaomi искористи можност за да го претстави и својот нов гаџет.

Xiao AI Smart Alarm Clock е паметен будилник кој освен стандардните функции кои ги поседува обичниот будилник нуди и одредени функции кои инаку доаѓаат со паметните звучници, како што се на пример можностите за прикажување на временска прогноза, најнови вести, податоци од берзата, па дури е во состојба да одговара на прашањата на корисникот.

Будилникот може да пренесува содржина од 2000 различни станици од радијата на интернет, да проследи до 80 потсетници и да контролира други паметни уреди на Xiaomi, како што се паметни светла и паметни уреди за помош во вашата кујна.

Го прикажува моменталното време, а тука е и копчето за исклучување на аларм и микрофон. Во внатрешноста на будилникот се наоѓа четири-јадрен процесор од 1,3 GHz, а што се однесува на поврзаноста, тука е и поддршката за Wi-Fi и Bluetooth 4.0 LE (се поврзува со Android и iOS уреди).

Нејзините димензии изнесуваат 126,2 x 60,8 x 27 милиметри, а тежина 170 грама. Во продажба стартува со цена од околу 22 долари.

Поддржете ја нашата работа: