Научниците веруваат дека светло/виолетовата боја е најстарата боја на светот.
Истражувачите откриле пигменти кои ги произвела прастарата микроскопска цијанобактерија откако иѕвадиле парчиња од 1,1 милијарди години стариот микроскопски црн шкрилец, длабоко под песокот на Сахара во Мавританија – се вели во истражувањето, објавено во научното списание PNAS.
Научниците всушност велат дека овие пигменти се “најстарата биолошка боја”, поточно повеќе од половина милијарда години постара од претходните слични откритија.
“Светло-виолетовите пигменти се молекуларни остатоци од хлорофил, произведени од фотосинтетски организам настанати во прастариот океан што одамна исчезнал” – изјавила Нур Гуенели, научник од австралискиот национален универзитет, која го пронашла молекулот во текот на истражувањето.
Истражувачите го скршиле каменот стар милијарда години и од него извлекле и анализирале молекули на прастари организми.
Остатоците се движат од крваво-црвени до темновиолетови во својата концентрирана форма, а светлорозови се кога се разредени – велат научниците.
“Прецизните аналии на прастарите пигменти потврдуваат дека цијанобактеријата доминирала во основата на синџирот на исхрана во океаните пред милијарда години, што помага да се објасни зошто во тој период не постоеле животните”, вели Гуенели.
Пред десетина години овие карпи станале нафтена компанија која барала нафта во пустината Сахара.
“Секое нешто има боја и боите нѐ враќаат на почетокот на времето. Правилниот термин со кој би се опишало откритието е дека тоа е најстарата органска биолошка боја”, вели Јохен Брокс, германски научник и истражувач кој соработувал во истражувањето.
Тоа значи дека научниците пронашле молекул со биолошки пигмент стар повеќе од милијарда години што е зачуван до денес.
Брокс вели дека тоа е исто како да сме пронашле остатоци од кожа на диносаурус стари 100 милиони години со недопрена боја на животните.
“Фактот дека ваквиот пигмент може да преживее толку долго време кај нас предизвикува љубопитност и чудење”, вели Брокс.