Ова е Зеландија – новиот континент на планетата Земја

На нашата планета постои уште еден скриен континент скриен во Тихиот океан, прикачен на Нов Зеланд.

Дури единаесет истражувачи утврдиле дека Нов Зеланд и Нова Каледонија се одвоени од Австралија и дека припаѓаат на тој нов континент со површина од 4,6 милиони квадратни километри.

Студијата која ја објавило геолошкото друштво на Америка, покажува дека 94 проценти од површината на овој континент се наоѓа под вода, како последица од слабеењето на оваа плоча пред раздвојувањето на континентите. Научниците до ова сознание дошле со користење на напредна технологија на гравитациските карти.

“Научната вредност на класифицирање Зеландија како континент е многу поголема од самиот негов назив во списокот на постоечките континенти. Ова не е неочекувано откритие, туку откритие до кое дојдовме постепено”, велат истражувачите.

“Фактот дека еден континент може да биде потопен, но не и фрагментиран, укажува на интересна геодинамика и дава нов увид во студијата за спојувањата и поделбите на континенталните плочи,” истакнуваат тие.

Верувале или не, научниците велат дека вака ќе изгледа Земјата за 250 милиони години

zealandia-1Доколку Европа и Азија се сметаат како посебни континенти, ова е осмиот континент на планетата.

Дебелината на кората на овој континент е помеѓу 10 и 30 километри, а се верува дека бил одронет од Антарктикот пред околу 100 милиони години.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,233од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.