Ова се шестте најопасни растенија на светот

Ние вообичаено не размислуваме за растенијата како за особено страшни организми. Но оваа прилично забавна тема, ќе ве натера да ја преиспитате својата претпоставка.

1. Ѓаволов шлем – Aconitum napellus

Ѓаволов шлем е цвеќе кое расте на северната хемисвера. Изгледа убаво и кршливо, но некои негови делови се смртоносно отровни. 33 годишен градинар веќе починал поради тоа што пробал да го допре, или можеби пробал да го јаде ова растение во 2014та година.

2. Рицинус – Ricinus communis, “Castor Bean”

Иако во некои случаеви се користи како лек, никако не го јадете без консултација со лекар или фармацевт. Симптомите од евентуален внес во вашиот организам можат да бидат: иритација на желудник, повраќање, крвава дијареа, абдоминална болка, зголемен пулс на срцето, низок крвен притисок, профузно потење, колапс, конвулзии и смрт во рок од неколку дена.

3. Cicuta, Water Hemlock

Water hemlock е растение кое премногу наликува на Daucus carota, сосема различно растение со мали бели цветови. За да направите разлика, запомнете дека Daucus carota има едно црвено цветче во средината од бели цветови. Ова растение е едно од најотровните во пределите на целиот свет.

4. Ангелска труба – Datura stramonium

Позната и како трубарка, ангелска труба, иако природно распространета низ целиот свет, во некои држави е забранета за садење и одгледување дури и како градинарско цвеќе. Самиот овој факт кажува за тоа колку е отровна. Во една студија од 2006та година идентификувани се халуциногени ефекти на двајца тинејџери од Канада, како резултат на интеракција со оваа трева. Исто така ова растение може да предизвика смрт или кома, доколку се пие чај од неговите листови.

5. Brugmansia

Расте на Андите и Јужна Америка и е сродник на ангелската труба. Цветот може да предизвика болки во стомакот и кај луѓе и кај животни, но сепак се злоупотребува во количини кои предизвикуваат халуцинации. Есенцијата на цветот може да предизвика парализа и смрт.

6. Кравји магдонос – Heracleum mantegazzianum

Ако само се допре листот, на тоа место се појавува црвенило и јадеж, а во рок од 48 часа рани кои личат на изгореници. Ако сокот од оваа билка продре во окото предизвикува привремено или трајно слепило. Го предизвикува присутност на дериватот линеарен фурокумарин во листот, коренот, стеблото, цветот и семето. Кога ќе влезе во јадрото на епителните клетки, формира врска со ДНК и предизвикува клеточна смрт. Ова растение од фамилијата Apiaceae води потекло од Кавказ и од средна Азија.

Поддржете ја нашата работа: