„Anelosimus eximius“ е вид на пајак познат и како многу „друштвен пајак“, бидејќи се здружува со другите пајаци и создава колосални пајакови мрежи кои можат да достигнат големина и до околу 8 метри во височина и 1,5 метри во ширина. Според списанието „Journal of Arachnology“, овој вид пајак е многу кооперативен и со тенденција да живее во групи.
Друштвените пајаци во нивната мрежа
Од 40 –те илјади видови пајаци, само 23 видови живеат во групи. „Anelosimus eximius“ најчесто се среќава во Јужна Америка – од Панама до Аргентина. Огромните пајакови мрежи што ги прават може да содржат и повеќе од 50.000 пајаци, од кои бројот на женките во однос на машките изнесува 10 спрема 1.
Сликата подолу покажува како изгледат овие огромни пајакови мрежи
„A. eximius“ првпат е откриен пред повеќе од еден век од францускиот природонаучник Ежен Симон. Предноста на овие огромни мрежи е што им овозможуваат на пајаците да уловат плен што е неколкупати поголем од нив. Пајаците здружено работат на изградбата, како и на одржувањето и на чистењето на нивната мрежа.
Понекогаш може да се најдат и до 40 колонии во еден километар растојание. За да добиете претстава како изгледа тоа, погледнете ја сликата подолу.
Колонијата што се гледа на подолната слика е откриена во 2007 г. во паркот во Северен Тексас.
Предвидувањата на научниците е дека главно два фактори се одговорни за вакво здружување на пајаците:
- Силни дождови – Реоните каде има вакви заедници од пајаци се подложни на големи врнежи од дожд, што неизбежно доведува пајаците да се здружуваат и да живеат заедно во огромни мрежи.
- Овие пајаци имаат тенденција да се хранат со плен што е неколкупати ппоголем од нив, па затоа е неопходно да живет во заедница.
Во 2013 година, во Санто Антонио да Платина во Бразил, пајакови мрежи кои содржеле огромен број пајаци биле искорнати од јаки ветрови. Пајаците и нивните уништени домови биле разнесени во околината, па така жителите од Сан Антонио да Платина биле сведоци на „дожд од пајаци“ што паѓал од небото.
Во рамките на колонијата секој од пајаците има јасно одредена улога, како мажјаците, така и женките. Некои се „војници“ – они што го напаѓаат пленот, додека некои се задолжени за одржување и чистење на мрежата.