На светот постојат 45.000 видови на пајаци, и тие спаѓаат меѓу најразноликите и најраспространетите грабливи видови на инсекти во светот. До сега никој не успеал да разбере колку други инсекти пајакот може да изеде во текот на својот живот.
Еден тим од научници од Швајцарија и Шведска деновиве ги објави резултатите од нивното истражување во научното списание Nature, според кое сите пајаци на светот јадат до 800 милиони тони инсекти годишно.
За колкава количина на плен станува збор се дава одреден впечаток доколку знаете дека сите луѓе на светот годишно јадат околу 400 милиони тони месо и риба.
Покрај мравките и птиците, пајаците играат драгоцена улога со своите мрежи, штитат од штетници и болести кои доколку не ги изедат другите инсекти, преку нив ќе се пренесат на нас, велат авторите на студијата.
Улогата на пајаците во природната рамнотежа не запира тука. Низ целиот свет, до денес научниците пронашле дури 8000 видови инсекти со кои се хранат исклучиво пајаците. Научниците во оваа студија истражиле и на кои места улогата на пајаците е помалку изразена и на кои места е од посебна важност.
Пајаците имаат помалку важна улога во пустински и полупустински области како и во Арктичката тундра. Наспроти тоа, пајаците се клучни за одбрана на шуми, савани, пасишта и слични тревни области од инсекти.
Најмалата улога на пајаците е во интензивно земјоделските области, бидејќи таму тие најтешко преживуваат поради хемикалии и поради површината на која е засадена некоја култура, што во природна смисла всушност е еколкошки целосно уништена средина.