Додека поголемиот дел од иновациите се сконцентрирани на уреди кои се носат околу зглобот, или пак различни апликации за подобро спиење за кои неодамна споменавме во една наша статија, сега истражувачите се обидуваат да ги префрлат истите директно во нашите кревети.
Американската компанија „Sleep Number“ за производство на кревети, во комбинација со сензорот „Beddit“ создале паметен кревет кој ја следи и снима вашата состојба додека спиете, конкретно вашиот пулс, вашето дишење и движење во текот на ноќта. Се состои од лента обложена со сензори која се наоѓа под душекот и преку „bluetooth“ испраќа податоци до вашиот смарт телефон.
Иако можеби поскап од останатите помали уреди со иста примена, овој кревет има голема предност во однос на тоа што не мора да носите ништо на вас и не мора да памтите дека треба да го вклучите уредот. Наменет е пред се за децата.
ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусијата на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.