Паметна столица: Нов начин да се стане мрзлив?

За сите кои мразат да стојат и да чекат во редица (во продавница, ресторан), јапонскиот производител на автомобили Нисан тврди дека има одлично решение.

На видеото што го објави компанијата се гледаат луѓе кои седат во редица на столчиња чекајќи да влезат во својот омилен ресторан.

Но, наместо да стануваат и да се поместуваат, столчињата сами се поместуваат нанапред.

Столчињата се опремени со автономна технологија која го детектира празното столче пред нив и полека се лизга кон предната линија.

Празното  столче само се поместува и се враќа назад во редицата.

Овој систем е сличен на тој што се користи во автономните автомобили на Нисан и ќе биде тестиран во неколку одбрани ресторани во Јапонија оваа година.

Иако само во Токио има околу 160.000 ресторани, редиците пред рестораните се вообичаена појава.

Поддржете ја нашата работа: