Авионот „Сончев импулс -2“ е поставен за полетување од Абу Даби (Обединетите Арапски Емирати), со застанувања во Индија, Мјанмар и Кина, пред да го прелета Тихиот Океан, преку САД и јужна Европа, повторно да се врати во Абу Даби.
На своето петмесечно патување од 35 000 км, моторите на авионот ќе се напојуваат единствено со сончева енергија. Дваца швајцарски пилоти наизменично ќе ја преземаат контролата во кабината, за време на петте последователни денови и ноќи во воздухот.
Авионот, кој тежи колку еден автомобил (2 300 кг.) и има распон на крилата еднаков на оној од најголемите патнички авиони, ќе полета кон крајот на февруари, а ќе се врати на крајот на јули. На своето патување авионот ќе лета приближно 25 дена со брзина помеѓу 50 и 100 км. на час.
За физибилити студиите, проектирањето и изградбата на авионот биле потребни 12 години. Ова не е првиот соларен авион, но е е прв кој може да прелета океани и континенти, велат пилотите Бертранд Пикард и Андре Борсберг, соосновачи на проектот.
Компании кои биле вклучени во проектот се ; „Bayer AG“, „Solvay“, „ABB“, „Schindler“, „Omega“ и „Masdar“- од Абу Даби.