Elon Musk неодамна претстави соларна плочка за која верува дека во иднина ќе ги замени соларните панели на крововите ,а во четвртокот изнесе дека неговиот соларен кров дефинитивно ќе биде поефтин од традиционалниот ,со тоа што како додатен бонус заштедата е голема и пред да се почне со штедење на електрична енергија .

Неговата компанија Tesla Motors одобрила превземање на компанијата SolarCity ,а Musk веднаш го пренесе напредокот на своите инжињери кој би можел да биде пресвртница во развојот на соларната енергија.
Ваквата плочка се произведува од стакло и изгледа подеднакво исто како и класичната но притоа произведува струја .

-Основното прашање е: Дали сакате кров кој изгледа подобро ,трае подолго ,поефтин е и произведува електрична енергија-запраша Musk и додаде: Кој би посакал нешто друго ?

Како што пишува Bloomberg,ваквата плочка и натаму ќе биде премиум производ,кога ќе стигне на пазарот и ќе се споредува со најквалитетните кровови .
Традиционалниот кров е кршлив ,тежок и гломазен со големи трошоци за транспорт ,додека новиот тежи една петтина од класичниот и лесен е за транспорт .

Поддржете ја нашата работа: