Педофилите имаат физички особини кои се препознатливи пред да направат нешто лошо

Научниците од Канада во својата нова контроверзна студија, тврдат дека педофилите имаат физички особини по кои се препознатливи пред да направат кривично дело. Педофилите претежно се левучари, а ушите им се ниско поставени и со неправилна форма, барем според оваа студија каде педофилијата се третира како биолошки проблем кој креира јасни разлики во изгледот на човекот.

Научниците велат дека овие јасни телесни карактеристики можат да користат за препознавање на потенцијален педофил пред да направи кривично дело, а децата да се држат подалеку од нив.

”Постојано бараме и собираме докази за поддршка на невролошката основа на педофилијата. Откривме дека педофилијата има биолошка основа, со многу ран почеток, а можеби дури и пред раѓањето и тоа знаење може да ги подобри методите за лекување на оваа група на луѓе,” вели Fiona Dyshniku од Универзитетот во Виндзор, Канада.

Аномалиите на лицето, меѓу другото ги вклучуваат високо поставените непца или малоформираните уши кои се ниско поставени. Педофилите воглавно имаат и други телесни неправилности, тврди студијата. Други аномалии се и избразден јазик, закривување на петтиот прст, третиот ножен прст е подолг и со поголемо растојание помеѓу првиот и вториот ножен прст. Овие особини се развиваат со текот на првото и почетокот на второто тромесечје, додека плодот сеуште расте во матката.

Научниците веруваат дека ова се случува поради изложеност на мајката на вируси, алкохол и дрога, компликации во текот на породувањето или недостаток на хранливи материи во текот на бременоста. Абнормалностите се поприсутни кај машките деца отколку кај женските, што би можело да значи дека машкиот мозок е поосетлив на штетни влијанија во текот на пренаталниот развој.

Во претходното истражување спроведено од страна на Jamesa Cantor, професор по психологија од Универзитетот во Торонто, е утврдено дека педофилите имаат недостаток од поврзување на неколку одделни делови во мозокот. Тој исто така вели дека, кога жените на мажите им се сексуално привлечни, несвесно го снужуваат тонот, ги прошируваат ставовите, а кога разговараат со деца нивниот тон станува повисок.

Наместо да реагираат типично кога ќе сретнат дете, родителски и заштитувачки, во мозокот на педофилот се покрева сексуален одговор. Коефициентот на интелигенција кај педофилите е обично понизок за 10 до 15 поени од просекот, а висината им е за отприлика 2,5 см. пониска од просечен маж.

Поддржете ја нашата работа: