Нашето тело е деликатен екосистем кој треба правилно да се одржува. Начинот на исхрана, добрите и лошите животни навики, сето тоа влијае на нашата општа блаогосостојба, вклучувајќи го и нивото на хормоните. Нормалното ниво на хормоните е исклучително важно – зголеменото ниво е подеднакво штетно како и намаленото ниво на хормоните. За среќа, има работи што може да ги правиме на дневно ниво со кои ќе ги одржуваме хормоните во рамнотежа.
Тестостерон
Нјапознатиот машки хормон, тестостеронот, покрај тоа што ја зголемува цврстината на коските и мускулите, игра клучна улога во развојот на мажите во текот на пубертетот, а во зрелоста им е потребен за да можат да создаваат сперма. Според „Hormone Health Network“ нивото на овој хормон влијае на сексуалната желба и енергија кај мажите.
Исхраната игра битна улога во одржување на нивото на тестостеронот. Според „Men’s Fitness“, продуктите од соја – како тофу и едамаме, белото брашно или премногу алкохол го намалуваат овој хормон. На позитивната страна, „Men’s Health“ ги наведува грозјето, туната, калинките и јајцата како храна која го подобрува нивото на тестостеронот.
Естроген
Исхраната исто така влијае и на нивото на женскиот хормон естроген, кој го регулира менструалниот циклус и влијае на растот на дојките, како и за заштита на коските кај двата пола. Стабилизирањето на телесната тежина помага да се одржи нормалното ниво на естрогенот. Многу ниската телесна тежина може да ја намали продукцијата на овој хормон во телото – истакнува „Livestrong“, додека пак високото ниво на естроген што се поврзува со ракот на дојка е врзано и за зголемената телесна тежина.
Според препораките на „Breastcancer.org“ намирниците со цели зрна, свежото овошје и зеленчук, особено брокули, карфиол и зелка, помагаат да се одржи здравото ниво на естроген во организмот.
Адреналин
Овој хормон е поврзан со стресот, ни дава енергија во опасни ситуации со тоа шти ги шири дишни патишта, пумпа крв во најважните мускули и ја зголемува силата. Но, премногу адреналин, кога не сме соочени со опасност, може да биде многу штетно, предизвикувајќи вртоглавици, вознемиреност, раздразливост и други симптоми поврзани со анксиозноста – вели „Hormone Health Network“.
Меѓу природните начини за редуцирање на стресот спаѓаат физичката активност и медитацијата.
Кортизол
Ова е уште еден хормон поврзан со стресот. Според „Huffington Post“, во ситуации опасни по живот, кортизолот „ја одржува рамнотежата на течностите и крвниот притисок“. Покрај неговото влијание во стресни ситуации, кортизолот влијае и на сексуалната желба, имунитетот и на варењето на храната. Но, хронично високото ниво на кортизол може да го потисне имуниот систем, да ја намали сексуалната желба и да го зголеми крвниот притисок, како и да придонесе за појава на физички промени, како акни и дебелеење. Истите начини за регулирање на стресот, како кај адреналинот, ќе имаат слични ефекти и врз кортизолот.
Инсулин
Според клиниката Мајо, соодветното вежбање може да биде од голема корист за одржување на нивото на инсулинот, особено кај луѓето со дијабет, бидејќи ја зголемува осетливоста на телото на инсулин. Ова значи дека малку инсулин ќе има поголем ефект и нивото на шеќерот во крвта ќе се намали со помош на овој хормон.
За луѓето со дијабет сепак е клучно да внимаваат на инсулинот и на нивото на шеќерот во крвта и да не вежбаат премногу. Преголема физичка активност, без соодветно прилагодување на шеќерот во крвта преку земање на ужина), може да доведе до хипогликемија, кога нивото на шеќер е премногу ниско, што може да предизвика сериозни здравствени проблеми.