Научниците од Универзитетот во Павија, Италија во својата студија дошле до некои интересни сознанија за озборувањето. Всушност, тие заклучиле дека озборувањето има своја позитивна страна.
Во истражувањето учествувале 22 жени, а психолозите проучувале како озборувањето влијае на нивниот мозок. Главниот автор на студијата, Д-р. Наташиа Брондино, сакала да открие дали постои биохемиска причина за чувството на блискост кое жените го чувствувале после озборувањето.
За времетраење на процесот на озборување, доаѓа до излачување на окситоцин – хормон на среќата и љубовта. Тој се излачува за време на породување кај жените и влијае на зближувањето со бебето. Кога се работи за вообичаени теми, како на пример за разговор околу времето, нивото на окситоцин не било големо.
Во испитувањето не биле вклучени мажи, бидејќи научниците сакале да избегнат развивање на привлечноста помеѓу испитаниците, со што би довело до поголемо излачување на окситоцин поради взаемните чувствата кои ги имаат, а не поради озборувањето.
Д-р. Брондино смета дека озборувањето може да влијае на одредување на правилата на групата, поточно на развој и зајакнување на социјалните врски.
“Психолошките карактеристики, како што се емпатија, стресни искуства или завист немале влијание врз порастот на окситоцин,” пишуваат авторите.
Без оглед на тоа што ние мислиме дека озборувањето е лоша карактерна особина, научниците сметаат дека сепак тоа е добро за мозокот.