Истражувачите од Универзитетот Грифит во Квинсленд – Австралија, се обидуваат да создадат пиво што ќе ве рехидрира, а ќе го има истиот вкус како и обичното пиво.
Една од главните причини што го зголемуваат мамурлакот е секако дехидратацијата. „Од досегашни истражувања со други течности, познато е дека содржината на натриумот има особено големо влијание во рехидратацијата. Но во врска со алкохолот, истражувањата не се доволно доследни“- велат истражувачите.
Истражувачите се особено заинтересирани да создадат вакво пиво заради големите количини на пиво што луѓето можат да го испијат. „Луѓето престануваат да пијат пиво не затоа што им се лоши од вкусот, туку затоа што се свесни за последиците – независно дали треба да возат или за да го избегнат мамурлакот “- објаснуваат истражувачите.
Истражувачите ги изнесоа своите планови за создавање на пиво што ќе рехидрира уште во 2013 година. Тие објавија дека откриле како да манипулираат со нивото на електролитите, во две комерцијални пива.
Тимот моментално работи на добивање на вистинскиот вкус на пивото, бидејќи луѓето нема да пијат пиво, ако не им е вкусно. Тие сега вршат истражување со волонтери кои редовно пијат пиво, за да го испитаат личното однесување и факторите кои влијаат на однесувањето, за кое веруваат дека ќе им овозможи подобро да разберат што го прави пивото толку привлечно.