Умерениот внес на алкохол во организмот ги намалува шансите за развој на дијабетес

Умереното конзумирање на алкохол, три или четири пати неделно, се чини дека може да биде корисно за спречување на дијабетес. Барем во споредба со другите крајности – алкохолна зависност и одбивност кон алкохол.

Студијата, ги проучила навиките и условите за конзумирање алкохол кај дури 70.551 мажи и жени од Данска, следејќи ги во период од пет години. Овој заклучок е во согласност со други студии кои покажуваат дека алкохолот ги намалува шансите за појава на дијабетес кај поединци, иако оваа студија конкретно ја проценува и зачестеноста на конзумирање на алкохол. Се чини дека зачестеноста е поважна од количината.

Истражувањето покажало дека поединци од двата пола кои пијат до седум чаши вино неделно го намалува ризикот од дијабетес од 25 до 30 отсто во споредба со оние кои пиеле помалку од една чаша неделно. Пивото, за разлика од виното, покажало различни ефекти врз жените. Жените кои пиеле пиво во умерени количини, имале ист ризик од дијабетес, како и жените кои не пиеле пиво, додека кај мажите ситуацијата била поинаква, мажите кои пиеле шест чаши пиво неделно имале за 21 отсто помалку шанси да развијат дијабетес.

Студијата не прави разлика помеѓу дијабетес тип 1 и 2, а научниците не пронашле јасна поврзаност помеѓу интензивното конзумирање на алкохол и дијабетесот, но признаваат дека само малку волонтери биле пријавени да интензивно пијат алкохол за нејзина цел.

Иако заклучоците на студијата се интригантни, не треба да се сфатат во контекст на апсолутна корист на алкохол врз здравјето. Внесувањето на било кој износ на алкохол го зголемува ризикот од гастроинтестинални заболувања и уште 50 други состојби.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt