Се разбира, тие всушност ќе бидат одделени милиони километри, но гледано од Земјата, нивните орбити ќе изгледаат усогласено – глетка што со сигурност ќе ги воодушеви астрономите. Поради различните брзини на орбитирање, вакво нешто нема да се случи до 2021 година
Венера и Јупитер ги достигнаа своите најблиски точки во понеделникот наутро, но д-р Масгрејв вели дека тие ќе останат така неколку дена. Тоа значи дека во следните неколку денови тие ќе бидат многу блиску, а кон крајот на неделата Венера ќе започне полека да се приближува кон Марс. Венера и Марс ќе ја достигнат својата најблиска точка на 31 октомври.
Сето тоа ќе може лесно да се види со голо око. Ќе треба само да станете многу рано, околу еден час пред изгрејсонцето и да гледате на исток.
Во моментов, покрај Сонцето и Месечината, Венера е најсветлиот објект на небото. Потоа е Јупитер, додека Марс е малку потешко да се забележи. Во текот на следниве неколку денови, како што Венера ќе се доближува до Марс, ќе може подобро да се препознае.
За да биде глетката уште поубава, на трите планети следната недела ќе им се придружи и полумесечина. На 7 ноември, Јупитер и полумесечината ќе бидат многу блиску, а Венера и Марс ќе се наоѓаат веднаш под нив. Глетката ќе биде навистина фанстастична. Не ја пропуштајте!
Вака изгледаше небото еден час пред изгрејсонце на 9 октомври. Фотографијата е направена од Институтот за астрофизика во Минесота.